Од први ноември ќе почне со работа когенеративната термоелектрана ТЕ-ТО, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.Тоа значи дека топлинска енергија ќе има, тврди Бектеши.
Министерот нагласи дека државата се грижи криза да не биде на грбот на граѓаните.
„Мислам дека струјата нема да биде поскапа. Имаме механизми како Влада, ако тоа се злоупотреби можеме директно да донесеме одредени одлуки согласно за замрзнување на одредени цени на основни прехранбени производи, одговори денеска Бектеши на новинарско прашање по средбата со претставници од прехранбената индустрија.