Европската помош од 80 милиони евра наменети за најранливите граѓани, микро и малите фирми, најави Бектеши – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/22 11:45 AM

Европската помош од 80 милиони евра наменети за најранливите граѓани, микро и малите фирми, најави Бектеши

Директна поддршка ќе добијат најранливите категории граѓани и микро и малите претпријатија.На тоа ќе ги искористи земјата 80-те милиони евра од Европската унија

Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, вчера се доставени предлозите од наша страна до Европската комисија (ЕК), а до утре се очекува одговор.

„Вчера се доставени нашите предлози до ЕК, до утре секако дека ќе имаме одговор, а нејверојатно средствата ќе бидат директна поддршка за најранливите категории граѓани и за микро и малите компании до крајот на  прогласената кризна состојба до крај на април, рече Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со претставниците од пекарската индустрија.