Скечерс го исфрлиле Канје надвор од зградата, никој веќе не сака соработка со него – Кој сѐ го откачи Вест? – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/22 11:33 AM

Скечерс го исфрлиле Канје надвор од зградата, никој веќе не сака соработка со него – Кој сѐ го откачи Вест?

Раперот Канје Вест во последните денови е персона нон грата, јавуваат агенциите.

Музејот на Мадам Тисо решил да ја отстрани неговата восочна фигура од изложбата и ја префрлил во архивата, а речиси во исто време двајца раководители на компанијата Скечерс го „придружувале“ од корпоративните канцеларии во Лос Анџелес бидејќи таму се појавил непоканет.

Вест, познат и како Је, во последните недели се најде на насловните страници поради расистички и антисемитски изјави кои го чинеа профитабилни соработки со неколку големи модни компании.

Портпаролката на музејот Мадам Тисо во Лондон им изјави на новинарите дека „фигурата на Вест е отстранета и преместена во архива“.

Таа додаде дека „личноста на секоја славна личност го заслужува своето место во музејот“, но исто така истакна дека „ги слушаат желбите на своите посетители и на јавноста за тоа која од познатите личности сакаат да ја видат таму“.

Фигурата првично беше откриена во музејот во 2015 година и се наоѓа покрај восочната фигура на тогашната сопруга на Вест, Ким Кардашијан.

Тој пристигнал во седиштето на Скечерс во Лос Анџелес „ненајавено и непоканет и снимал без овластување“, соопшти компанијата, додавајќи дека раперот и неговото друштво „биле испратени надвор по краток разговор“.

„Ги осудуваме неговите неодамнешни изјави за поделби и не толерираме антисемитизам или која било друга форма на говор на омраза. Повеќе немаме намера да работиме со Вест“, објави Скечерс.

Вест неодамна се појави на модна ревија во Париз облечен во кошула со натпис „Живототе на белците се важни“, слоган кој потекнува како алузија на движењето „Black Lives Matter“.

Неколку дена потоа, неговите профили на Твитер и Инстаграм беа привремено блокирани бидејќи напиша дека наскоро ќе оди на „дефкон3 против Евреите“, алудирајќи на списокот за подготвеност на американската војска познат како ДЕФКОН.

По германскиот гигант за спортска облека Адидас, кој во вторникот објави дека го прекинува партнерството со Вест, се јави и менаџментот на американската компанија Гап, кој најави дека преземаат итни чекори кои ќе резултираат со отстранување на неговата облека од полиците на продавниците.

Соработката со Вест претходно ја прекина и париската модна куќа Баленсијага.

А CAA, една од најголемите холивудски агенции за таленти, извести дека го испушта Вест, додека филмската и ТВ продукциската куќа МРЦ објави дека го одложува прикажувањето на веќе завршен документарец за него.

Извор: Ал џезеира