Штип: Четири имиња номинирани за признанието „8-ми Ноември“ – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/22 11:02 AM

Штип: Четири имиња номинирани за признанието „8-ми Ноември“

Пред членовите на Советот на Општина Штип на денешната седница се доставени предлозите за овогодинешното признание по повод одбележувањето на градот, „8-ми Ноември“. На листата се уметникот и професор на Ликовната академија на универзитетот „Гоце Делчев“, Никола Смилков за особен придонес за афирмирање на Штип. Потоа, Трајче Цветков, долгогодишен финансии раководител во Општина Штип, за придонес во економијата, Божидар Симоновски, кој со години го раководеше Дом на млади за исклучителен придонес во развој на музичката култура и една граѓанска организација, НВО „Камп – едукација“, како што стои, за најуспешна невладина организација која работи во полето на младинскиот активизам.

Доколку советниците ја одобрат оваа листа, признанијата вообичаено се доделуваат на Свечената седница што се одржува на 8 Ноември, денот на ослободувањето на Штип.

фото: фотографија од доделувањето на признанието „8-ми Ноември“ 2021