Две лица најверојатно се загушиле вдишувајќи отровни гасови додека полнеле вода од изворите на минерална вода на местото викано „Сребрена вода“ информираат од битолската полиција.
„Во 16.24ч. од Итна медицинска помош-Битола во СВР Битола било пријавено дека кај изворите на кисела вода на место викано.„Сребрена вода“ во близина на с.Крстоар-Битола, имало две починати машки лица. Од страна на екипа од ИМП била констатирана смрт. Утврден е идентитетот на починатите: А. Н. (68) и К. Н. (63) од Битола. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се предадени за обдукција,“ се вели во соопштението од СВР Битола.
За настанот е известен јавен обвинител.
Претходно, Центарот за управување со кризи, испрати соопштение во кое пишуваше дека интервернирала противпожарната единица со противпожарно возило и петмина пожарникари, кај ресторанот „Кисела Вода“, кој се наоѓа на неколку километри од градот.
„До овој момент има пријавено дека има две човечки жртви“, пишуваше во соопштението од РЦУК.
фото-архива