Од Министерството за образование информираат дека започнало печатењето на учебниците за основно образование кои се нови и оваа учебна година за првпат ќе се употребуваат.
„Приоритет во процесот на печатење имаат учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение, кои низ сложена неколкумесечна постапка се неодамна одобрени, а нивната изработка следеше по креирањето на нови наставни програми за овие одделенија, согласно планот за етапна реформа на основното образование,“ информираат од Министерството за образование.
Согласно договорот со економскиот оператор, печатницата Европа 92, целосната испорака ќе биде заокружена во текот на следниот месец.