Левица поведе постапка пред антикорупциска комисија против Талат Џафери, бара да му се утврди неспоивост на функцијата – ММС
ММС

Објавено на: 10/26/22 12:01 PM

Левица поведе постапка пред антикорупциска комисија против Талат Џафери, бара да му се утврди неспоивост на функцијата

Правниот сектор на Политичката партија Левица, до Државната комисија за спречување на корупцијата, поднесе Претставка за утврдување судир на интереси поради неспојливост на функции против актуелниот претседател на Собранието на Република Македонија – Талат Џафери, бидејќи тој, своеволно и спротивно на Уставот, законите и Деловникот, паралелно врши две неспојливи функции: парламентарен спикер и член на колективното Генерално претседателство на неговата матична партија ДУИ – што е законски забрането.


„Ова истовремено кумулирање на две инкомпатибилни функции во една личност е спротивно на изричната императивна уставна одредба од чл. 67, ст. 3 од Уставот на РМ, која јасно предвидува дека: „Функцијата претседател на Собранието е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија“!, пишува во соопштението од Левица.
Имајќи го предвид ова, Левица – како опозициска парламентарна партија – бара од ДКСК, да ја констатира оваа противуставна состојба на неспојливост на функциите кои ги извршува Талат Џафери, како и да преземе идни мерки за нејзино отстранување – со барање оставка на Џафери од една од функциите кои нелегално ги извршува, додаваат од партијата.