(Вознемирувачки фотографии) Ноќеска брутално претепан новинарот Зоран Божиновски – ММС
ММС

Објавено на: 10/26/22 11:17 AM

(Вознемирувачки фотографии) Ноќеска брутално претепан новинарот Зоран Божиновски

Новинарот Зоран Божиновски, сопственик на порталот „Буревесник“ ноќеска бил претепан пред неговиот дом во Битола.

Неговата сопруга била со него за време на нападот,а  со теѓки повреди бил пренесен во болница, каде  биле констатирани скршеница на носот и други повреди на главата. По укажаната помош бил пуштен на домашно лекување, но попладнево повторно мора да се јави во болница.
Божиновски, според тврдењата на неговата сопруга Панда Солунчевска, бил претепан пред неговата куќа во Битола, а напаѓачите најверојатно носеле метални боксирачи на рацете.

Случајот бил пријавен во полиција, но засега сè уште нема информации за случката.

Информацијата и фотографиите од претепувањето на сопственикот на „Буревесник“ , кој целиот е во крв,прв ја соопшти Љупчо Палевски на својот фејсбук-профил.