Противпожарна кула за рана детекција на шумски пожари почна да се гради во Македонска Каменица – ММС
ММС

Објавено на: 10/26/22 11:21 AM

Противпожарна кула за рана детекција на шумски пожари почна да се гради во Македонска Каменица

Во Македонска Каменица почна изградбата на кула за рана детекција на пожари. Активноста се реализира во рамки на проектот „Изградба на интегриран систем за рана детекција и превенција од шумски пожари во Невестино и Македонска Каменица“.

„Се работи за проект кој се реализира преку Interreg-IPA CBC CCI2014TC16I5CB006 – Програма за прекугранична соработка на ЕУ. Проектот се реализира во партнерство со општина Невестино од Бугарија која е водечки партнер, а вредноста на проектот за македонската страна, односно за ЈП „Камена Река“ е 196.572 евра, информираа од Општината.

 

Увид на местото каде ќе се гради кулата изврши градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, кој изјави дека во наредниот период ќе се интензивираат работите на терен.

„Проектот се очекува да биде комплетно завршен до јануари 2023 година и да почнат да се користат бенефитите од функционирањето на истиот, истакна Атанасовски.

Противпожарната кула се наоѓа во село Саса и нејзината намена ќе биде да детектира шумски пожари во радиус од 20 километри.

миа