Водечките естетски хирурзи ја откриваат иднината на разубавувањето: Дали сме подготвени за овие бизарни варијанти? – ММС
ММС

Објавено на: 10/26/22 9:17 AM

Водечките естетски хирурзи ја откриваат иднината на разубавувањето: Дали сме подготвени за овие бизарни варијанти?

Годинава се навршуваат цели шест децении од вградувањето на првите функционални импланти во женски гради.

Во 1962 година, Тими Џин Линдзи доби нова гради во болницата Џеферсон Дејвис во Хјустон, Тексас,  непланирано. Всушност, оваа млада разведена мајка на шест деца во болницата сакала да и ја отстранат тетоважата, а лекарите Френк Героу и Томас Кронин ја прашале дали би сакала да учествува во историската процедура. Тие всушност ги дизајнирале првите импланти моделирани по кеси за инфузија.

Таа се согласила. Мислела дека би било добро да добие нешто бесплатно. Градите ги има и  денес а има деведесет години. Нејзините импланти не се идеални, во еден период од животот имала одредени тегоби и болки, но ги задржала. Некои адвокати еднаш ја советувале да ги тужи лекарите кои ја подложиле на ризична процедура, но таа не сакала. Се зборувало дека ја „поткупиле“ со дополнителна бесплатна операција, и го решиле проблемот со „клемпавите“ уши.

Приказната за Тими Џин Линдзи е веќе историја. Секако, тоа не бил прв обид за поправка и разубавување на градите. Порано лекарите експериментирале со влошки од разни материјали, користеле дури и восок и стакло, но резултатите биле лоши и често фатални. Овој, со некои недостатоци, бил успешен.

Патем, операциите поврзани со подобрување на изгледот може да се проследат далеку во минатото. Речиси е сигурно дека старите Египќани знаеле да го исправат носот и да направат едноставно дотерување. Низ историјата, знаењето се губи и повторно се открива, а за време на големите војни, хирургијата постојано напредувала. Лекарите во услови на војната биле принудени да размислуваат и да дејствуваат брзо, да импровизираат што пак резултирало со откривање на нови иновативни техники. Од тоа „бенефит“ имаше и естетската хирургија.

Но, што ќе се случи во иднина?

Иднината е непозната, но речиси е сигурно дека сè поголем број луѓе ќе бараат „поправки“ на своето тело. И естетски и функционални поправки. Станува збор за растење на оштетените делови од телото.

Таа иднина всушност веќе започна, но некои научници предупредуваат дека и човечкиот геном може да биде модифициран, поедноставно кажано, идните родители веќе би можеле да го изберат изгледот на своите деца, би ги наложиле да ги „избришат“ гените кои се одговорни за развој на одредени болести и за неколку генерации да има здрави и убави луѓе,  се разбира и богати, бидејќи за такво нешто ќе треба добро да се плати.

Прилично застрашувачки предвидувања зборуваат за досега невидена јаз меѓу човечкиот род.

извор-slobodnadalmacija.hr

(Видео) „Поради силиконите за малку ќе умрев“ – Лекарите останале во шок кога ѝ ги отстраниле имплантите од гради

 

 

Платила 100.000 евра за да се унакази – Ќе умрела на операција зголемувајќи си ја вагината