Ноќеска најстудено во Берово со 2 степени, дневната денеска до 27 степени – ММС
ММС

Објавено на: 10/26/22 8:41 AM

Ноќеска најстудено во Берово со 2 степени, дневната денеска до 27 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб, долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 27 степени.

Во Скопје сончево со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 24 степени.

Во текот на ноќта времето беше претежно ведро, а утрово е сончево. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, информираат од УХМР.

Измерени се следниве минимални температури-  2 Берово, 4 Битола, 5 Струмица, 6 Тетово, Лазарополе, Маврови Анови, Демир Капија, 7 Скопје-Петровец, Охрид, 8 Крива Паланка, Претор, Прилеп, Штип, 9 Попова Шапка, 10 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 11 Виница, Крушево, 12 Куманово, Дојран.

УХМР