Кој е надлежен да ја згрижи жената? Станарите од опожарената зграда во Штип на средба со градоначалникот – ММС
ММС

Објавено на: 10/25/22 3:58 PM

Кој е надлежен да ја згрижи жената? Станарите од опожарената зграда во Штип на средба со градоначалникот

Граѓаните од станбената зграда на улица „Широк дол“ број 5 во Штип потпишале петиција за згрижување на жената чиј стан во неделата изгоре.

Семејствата кои живеат во оваа зграда утринава имале средба со градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, по што се очекува и финсиска помош за влезот, но и штетите кои се случиле во текот на пожарот во останатите станови.

Јорданов вели и покрај тоа што не е во надлежност на општината, сепак ќе им се излезе во пресрет на потребите на граѓаните и ќе им се помогне.

Средбата беше во насока на обештетување на настанатата штета предизвикана од пожарот, во рамки на самата станбена единица, холот и останатите оштетени станови кои се соседи на опожарнеиот стан.

Тој истакна дека ќе посредуваат со надлежните институции и лицето кое е сопственик на станот да биде соодветно згрижено, со цел да се заштитат станарите, но и да не се случи повторување на овој немил настан.

„Ние и покрај тоа што немаме директна надлежност ќе посредуваме во решавањето на овој проблем, ќе комуницираме со надлежните институции. Сепак станува збор за граѓаниски спор кој најверојатно ќе треба да се решава по други надлежни институции со оглед на тоа што опожарениот стан има сопственик, за лицето кое на некој начин индиректно или директно предизвикало пожар во станбената единица ќе треба да се преземе соодветно згрижување, рече Јорданов.

Надлежните од штипскиот Центар за социјални работи информираат дека лицето не е во нивна евиденција од 2014 година и е корисник на пензија, а од денеска тим утврдува дали членови од семејството би можеле да се грижат за нејзе.

МИА