Апликацијата Ватсап проработи по неколку часа, од Мета не објаснија што е причината за прекинот – ММС
ММС

Објавено на: 10/25/22 3:35 PM

Апликацијата Ватсап проработи по неколку часа, од Мета не објаснија што е причината за прекинот

Платформата за пораки Ватсап (WhatsApp) се активира и работи неколку часа откако падна и престана да работи низ целиот свет.

Мета, кој е сопственик на Ватсап, информира дека проблемот е решен, но не кажа што го предизвикало прекинот.

Корисниците на апликацијата проблемот почнале да го пријавуваат утрово.

Во рок од половина час пристигнале повеќе од 12.000 пријави, објави веб-страницата Down Detector, која се занимава со дефекти во дигиталниот свет.

извор-данас.рс