Случајот со Боки 13 во затворот Идризово мора да има завршница, смета Тупанчевски – ММС
ММС

Објавено на: 10/25/22 4:04 PM

Случајот со Боки 13 во затворот Идризово мора да има завршница, смета Тупанчевски

Треба да се постапи во однос на настаните што се случија во затворот „Идризово“ кога физички бил нападнале Бојан Јовановски – Боки 13 во кругот на затворот, каде тој ја издржува затворската казна, смета министерот за правда Никола Тупанчевски.

Во однос на затворската управа, како што рече, ќе биде постапено доколку се утврди каква било одговорност.

„ Дали ќе биде дисциплинска, кривична, да го оставиме тоа на органите коишто се надлежни и за постапување,“ истакна министерот.

На 20 октомври околу 15.40 часот во кругот на казнено-поправната установа „Затвор-Идризово“ Бојан Јовановски – Боки 13, беше физички нападнат од три лица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираа од полицијата.