(Видео) Манекенката Ангела Јакимовска во љубовен триаголник! Поради вљубениот дечко учи турски јазик – ММС
ММС

Објавено на: 10/25/22 9:59 AM

(Видео) Манекенката Ангела Јакимовска во љубовен триаголник! Поради вљубениот дечко учи турски јазик

Манекенката и водителка Ангела Јакимовска ја освојува Турција, но не со нејзината професија, туку со нешто сосема ново.

Таа стана актерка и ќе глуми во хумуристичната турска серија „Балканска приказна“, која се снима во Скопје, а нашите гледачи се уште не ја гледаат на некоја од нашите телевизии.

Ангела, нејзината актерска кариера ја почна, кога ја поканиле продуцентите, да биде дел од екипата и да ја добие улогата на Кадин.

-Станува збор за епизодна улога, во која јас треба да се најдам во љубовен триаголник. Има проблем околу тоа што треба да зборувам турски, тука не знам како ќе биде, но екипата е многу ок беа ептен позитивни.  За времена снимањето ми помагаа правилно ги изговарам зборовите на турски. Супер се.  Серијата е комедија и како изгледаат во улогите, такви се и приватно. Јас сум девојка која ја засака Шефо и се викам Кадин, иако тој бил вљубен во Ајше. Но, кога ме видел мене решил да и се освети, вели Ангела и додава:

-Не сум размислувала за актерска кариера, но не знам што ќе се случи, можеби ќе остане само на ова, можеби ќе се случи нешто повеќе. Не знам. Јас досега сум глумела само во реклами и го немам тоа професионално искуство. А ова е многу посериозен проект. Голем предизвик е за мене бидејки не глумам на мајчин јазик, вели убавицата, која непосредно пред овој ангажман беше крунисана за Miss Earth на Македонија, на изборот, кој се одржа во Босна.

Овој ангажман ја поттикнал Ангела да го учи турскиот јазик, па во нејзиниото богато портфолио на различни ангажмани ќе биде запишан и овој.

Погледнете ја најавата за нејзиниот нов ангажман: