(Видео) Ја нарекуваа „жената со коњски заби“, но три години по навредите стана многу убава – ММС
ММС

Објавено на: 10/25/22 8:00 PM

(Видео) Ја нарекуваа „жената со коњски заби“, но три години по навредите стана многу убава

Првото нешто што луѓето го забележуваат кога се среќаваат со соговорник се очите и насмевката, па затоа, повеќето луѓе се трудат да ја направат нивната насмевка што е можно поубава.

Така неодамна го обиколи светот приказната за новинарката Керол Раџивил, која платила неверојатни 13 милиони долари за да си ги „поправи“ забите кај познатиот стоматолог Мајкл Ејп.

Но, не секој е толку среќен што има толку многу пари за светла насмевка. Една од нив е Џема Свифт која доживеа страшна несреќа на 6-годишна возраст. Како девојче Џема ја удрила главата во бандера, поради што неприродно и биле исфрлени забите.
Зборувајќи за несреќата, оваа жена се појавила на телевизија, а после тоа луѓето станале безмилосни. Цела Велика Британија ја нарекуваше  „жената со коњски заби“.

Таа со години по тоа гостување добиваше страшни навреди на интернет, а потоа целосно и се промени животот.

Џема со помош на стоматолог доби целосно нови заби кои чинат 11.240 евра! Но, сите тие пари беа добро потрошени, бидејќи Џема доби убава насмевка.
По три години до нејзиното прво појавување во шоуто, Џема се врати во шоуто на Џереми Кајл за да ги покаже новите заби.

Луѓето ја гледаа со неверување.

Ивор: курир.рс

Фото: Јутјуб принтскрин