Вандализирана бистата на Никола Вапцаров во Градскиот парк во Скопје, објави Левица – ММС
ММС

Објавено на: 10/25/22 9:12 AM

Вандализирана бистата на Никола Вапцаров во Градскиот парк во Скопје, објави Левица

Непосредно пред отворањето на македонскиот клуб “Никола Вапцаров” во Бугарија, бистата на социјалистичкиот поет е вандализирана во Градскиот Парк во Скопје.
„Пробугарските СДС експедитивно реагираа за опожарувањето на фашистичкиот клуб “Ванчо Михајлов” во Битола, но кога станува збор за сочувување на македонската анти-фашистичка историја, тие по автоматизам се приклонуваат кон системското тридецениско руинирање на АСНОМ-ските темели на Републиката,“ реагираат од партијата Левица.
од партијата најавуваат дека со своја делегација ќе присуствува на отворањето на македонскиот клуб “Никола Вапцаров”.
Фото-ФБ Левица