Предвремени парламентарни избори ако опозицијата не ги поддржи уставните измени, најави Заев – ММС
ММС

Објавено на: 09/30/18 6:07 PM

Предвремени парламентарни избори ако опозицијата не ги поддржи уставните измени, најави Заев

Денеска имавте успех за демократијата и за европска Македонија.Успехот е заеднички за државата и за граѓаните – порача премиерот Зоран Заев, кој вечерва ќе одржи прес конференција. Неполн час по завршувањето на гласањето тој рече дека независно од организираниот бојкот, очекува дека мнозинството од граѓаните кои гласале го одбрале како што рече, европскиот пат.

,,Гласот на пратениците треба да биде глас за да ги забрзаме интеграциите во ЕУ и НАТО. Очекувам поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, ако не ќе ја употребиме и другата демократска алатка, предвремени парламентарни избори”, додаде Заев.