Времето денеска сончево со умерена облачност, температури до 28 степени – ММС
ММС

Објавено на: 10/25/22 8:15 AM

Времето денеска сончево со умерена облачност, температури до 28 степени

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска слаба магла. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Како што соопштија од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на претежно сончево и топло време за овој период од годината. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска слаба магла.

УМХР