Денот на македонската револуционерна борба се славеше низ грчките плажи.
Граѓаните го искористија продолжениот викенд и убавото време, па три дена уживаа покрај море.
Но, како и за секој празни така и за овој, за назад во државата на граничкиот премин се создаде гужва.
На граничниот премин „Богородица“ вечерва времето за чекање за влез во државава е повеќе од еден час, информираат за МИА од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Оттаму посочуваат дека слична е состојбата и на граничниот премин „Табановце“, а причината, како што велат, најверојатно е користењето на продолжен викенд од страна на граѓаните.
Погледнете ја колоната на Богородица: