ДИК: Излезеност до 17 часот 455.771 граѓани – ММС
ММС

Објавено на: 09/30/18 4:14 PM

ДИК: Излезеност до 17 часот 455.771 граѓани

Последните податоци кои ги соопшти Државната иборна комисија, ажурирани до 17 часот, велат дека од вкупно 87,25 отсто обработени податоци, 455.771 граѓани односно 28,01 отсто.

Гласањето продолжува во исто мирна атмосфера, со исклучок на оние претходни инциденти во Сарај. Во меѓувреме во ДИК пристигнале нови приговори, кои повторно се одбиени бидејќи немаат законски основ да бидат прифатени. Истите се однесуваат на граѓани кои менувале документи или пак не го искористиле своето право да бидат запишани во избирачкиот список.

Во однос на инцидентите во Сарај, ДИК велат дека до ДИК нема пристигнато приговор, од изборната единица од Сарај задолжени се да достават извештај до ДИК. Како мала пречка од ДИК соопштија дека имало во село Матејче, кумановско со мал прекун на електричната енергија но проблемот бил саниран за дестина минути и гласањето продолжило во нормален тек.

Следната прес конференција на Државната изборна комисија закажана е за нешто пред 19 часот.