Љубовна кавга во Штип – Девојката истепана, дечкото повреден, пренесен во болница – ММС
ММС

Објавено на: 10/23/22 8:08 PM

Љубовна кавга во Штип – Девојката истепана, дечкото повреден, пренесен во болница

Ноќеска во Штип се степале љубовници, девојката истепана, дечкото завршил во болница, пренесуваат од МВР

-На 23.10.2022 во 03:40 часот во Штип од полициски службеници од СВР Штип е приведена А.С.(21) од Штип, затоа што околу 00:10 часот во Штип, по вербална расправија, откако била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер С.Б.(25), со остар предмет го нападнала и го повредила. Тој бил пренесен за укажување на лекарска помош во Клиничка болница Штип. Во координација со Јавен обвинител, по комплетно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.