ДИК: Излезеност на граѓаните до 15 часот, 22, 56 отсто – ММС
ММС

Објавено на: 09/30/18 3:02 PM

ДИК: Излезеност на граѓаните до 15 часот, 22, 56 отсто

Според последната одржана прес конференција на Државната изборна комисија  во 15 часот и 30 минути , информираат дека вкупната излезеност на гласање е 334.075 граѓани односно 22, 56 отсто.

Гласањето како што соопшти претседателот на ДИК, Оливер Деркоски се одвива во истата атмосфера како и досега. Тој испрати благодарност до граѓаните за демократската стмосфера и критика до оние кои предизвикале инциденти.

Во меѓувреме време во ДИК пристигнале приговори кои 99% се однесуваат на граѓани кои не можат да се најдат на избирачкиот список поради истек на лични документи и граѓани кои не го искористиле повикот да се запишат во избирачкиот список, како и граѓани кои наполниле 18 години во меѓувреме.

Како што напоменаа од ДИК во текот на денот поднесени се 26 приговори, кои 99% се приговори на граѓани кои не наоѓаат во избирачкиот список и истите се одбиени.

Следната прес конференција на Државната изборна комисија е закажана за во 17 часот и 30 минути.