Победник на „Макфест“ оваа година е..? Е, тоа за првпат годинава го немаше на овој реномиран фестивал, кој се одржа по 37-ми пат во Штип.
Традиционално се пресече торта, но не победничка, бидејќи годинава за првпат немаше победници, организацијата на фестивалот реши тој да биде ревијален. Причината, како што рекоа, е да се вратат старите пејачи и да нема бојкот, поради наградите.
И секако, успеа во тоа, учесниците релаксирани, без стрес, се посветија на сценскиот изглед се дружеа, се смееја и немаше жирирање зад заторени врати. Фестивалската торта ја пресече градоначалникот Иван Јорданов, заедно со сите учесници, како симбол за добро завршена работа.
А на сцената продефилираа старо-нови ликови, како што налага правилото, малку дебитанти, малку ѕвезди и уште една новина- пет водители. Го видовме Ристо Самарџиев, Тамара, Викторија Лоба, Ламбе…
Учесниците, сепак, се најзаслужни за убавината и разноликоста на сцена. Убави и дотерани, секој според својата песна.
А песните? Секако за вкусови не се зборува. Како и досега, така и сега, секоја од нив ќе си го најде патот до публиката. Па „Макфест“ е познат по безвременски хитови, па зошто не би било така и сега. Секој музички стил си има своја публика.
(В.М.)
А каква атмосфера имаше погледнете во галеријата на нашиот фоторепортер Вангел Тануровски: