Утре во Скопје посебен режим на сообраќај – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/22 11:47 AM

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај

МВР денеска соопшти дека утре во официјална посета на земјава ќе престојува претседателката на Домот на пратеници на Парламентот на Чешката Република, Маркета Пекарова Адамова.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.