Фудбалери од Иран побараа ФИФА да ја отстрани репрезентацијата од СП 2022 година – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/22 10:08 AM

Фудбалери од Иран побараа ФИФА да ја отстрани репрезентацијата од СП 2022 година

Група ирански фудбалери и луѓе поврзани со спортот апелираа до ФИФА да го отстрани Иран од Светското првенство.

– Бруталноста и воинственоста на Иран кон сопствениот народ достигна критична точка, барајќи негово недвосмислено и цврсто одвојување од фудбалскиот и спортскиот свет, се вели во соопштението.

Во писмото се истакнува и дека ФИФА може да се меша во политички кавги доколку му се наштетува на фудбалот.

Во соопштението се вели дека ситуацијата на жените во Иран е крајно непријатна и фудбалот не е безбедно место за нив. Девојките не можат да присуствуваат на фудбалски натпревари и на стадион, што е прекршување на член 19 од статутот на ФИФА.

– ФИФА мора да избере страна. Неутралноста од страна на ФИФА не е опција, имајќи предвид дека Иранската фудбалска федерација не беше неутрална, туку беше мобилизирана да го зголеми угнетувањето и систематски да ги исклучи жените од спортскиот екосистем, се додава во соопштението.

Светското првенство во Катар ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември.

Репрезентацијата на Иран игра во група со Англија, САД и Велс.