Го нападнале на прошетка, има повреди по главата и телото – Зошто е истепан Боки 13 ? – ММС
ММС

Објавено на: 10/21/22 3:48 PM

Го нападнале на прошетка, има повреди по главата и телото – Зошто е истепан Боки 13 ?

Бојан Јовановски-Боки 13 синоќа е донесен на преглед во Ургентниот центар со анамнестички податок за физички напад, велат од Ургентниот центар.

-Констатирани се видливи надворешни повреди, отоци и огреботини во пределот на глава, шака, рачен зглоб и надлактица. По направени иследувања, прегледан е од неврохирург, трауматолог и дигестивен хирург, по што е пуштен поради лекарска проценка дека нема потреба од хоспитализација, информираа за МИА од Ургентниот центар.

Во врска со нападот на Бики 13 се јавија и од Министерство за правда.

-Во врска со настанот кој се случи вчера во Казнено – поправниот дом Идризово, Управата за извршување на санкции околу 15.30 часот, на шеталиштето каде слободното време за прошетка на отворено го користат осудените лица кои се со затворен третман, две осудени лица со иницијали Т.М. и О.А. физички ги нападнале осудениот Б.Ј и друго осудено лице кое шетало со него, нанесувајќи удари во телото и главата. Веднаш било интервенирано од страна на  припадниците на затворската полиција кои го обезбедуваат шеталиштето, а осудените лица биле разделени, информираат од Министерство за правда и додаваат:

– Двете осудени лица врз кои е извршен нападот, веднаш биле спроведени во затворската амбуланта за укажување на помош, а  била повикана и екипа на итна медицинска помош која препорачала  да бидат прегледани и во Клиничкиот центар – Скопје по што  биле спроведени.Во вечерните часови осудените лица дале писмена Изјава за нивното видување на настанот. Против осудените лица кои го извршиле физичкиот напад се комплетира документацијата за спроведување постапка за дисциплинска одговорност. За овој настан, службени лица од Управата за извршување на санкциите ќе извршат и вонреден надзор на установата со цел да се утврди фактичката состојба.Во текот на денешниот ден  осудениот Б. Ј  е спроведен и на дополнителен преглед во Клиниката за абдоменални болести, велат од МП.

Претходно, извори и од МВР за МИА потврдија дека три лица вчера физички го нападнале Бојан Јовановски во кругот на затворот „Идризово“, каде тој ја издржува затворската казна.

Оттаму посочуваат дека вчера во 20 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Б.Ј. (36) од Скопје.