Убава е секако и црнка и русокоса – Моника Белучи со нов филм и нов имиџ – ММС
ММС

Објавено на: 10/21/22 3:04 PM

Убава е секако и црнка и русокоса – Моника Белучи со нов филм и нов имиџ

Моника Белучи го промени својот изглед за снимањето на новиот филм… Имено, таа на Инстаграм објави дека глуми во филмот „Девојката во фонтаната“ (The Girl in the Fountatin), во режија на Антонџулио Паченти, којшто ќе биде прикажан прво на фестивалот „Лумиер“ во Лондон, Англија, и на Филмскиот фестивал во Торино.

На сликата-реклама за филмот, Белучи има руса коса.

Паченти пак, нагласи дека приказната е за шведската глумица Анита Екберг.

– Анита всушност беше позната уште пред да го сними филмот „Сладок живот” (La Dolce Vita). После тоа се зафати со улогите што ѝ ги даваше Федерико Фелини. Секогаш глумеше жени кои се сексуализирани. Сакавме да покажеме дека Анита не може да избега од оваа погрдна титула што ѝ ја додели Фелини, изјави режисерот.

Филмот „Девојката во фонтаната“ е приказна за животот на легендарната глумиц Анита Екберг, а покрај Белучи, во него глуми и Ерик Александар. Прикажувањата во Италија почнуваат на 1 декември, а шведската ТВ-премиера е на 14 јануари.