Трифун Костовски промовираше нови песни: Животот без уметност е празен – ММС
ММС

Објавено на: 09/29/18 2:52 PM

Трифун Костовски промовираше нови песни: Животот без уметност е празен

 

Пред неколку децении за своја професија ја одбрал економијата, беше активен и на политички план, но најголемата можност за слободно изразување ја пронашол на полето на музиката. Трифун Костовски вчера во Скопје промовираше шест нови песни, создадени во соработка со Григор Копров, Огнен Неделковски, Владимир Дојчиновски и Александар Митевски.

Почетокот на настанот го означи ритамот на хитот ,,Срце тетовирано” создаден пред 18 години токму од Костовски и Митевски.

Поранешниот скопски градоначалник, Костовски споделува дека музиката е дел од неговото секојдневие, но и дека таа му нуди можност да каже како прифаќа некои нешта во однос на она што, како што посочува тој, би требало да биде живот:

,,Животот без уметноста, без културата или спортот би бил празен. Јас музиката ја имам како хоби, така и ќе остане. Во животот има многу работи на кои може да се посветите и да вродат со резултат, макар и да е лош”.

Една од шесте песни кои беа промовирани вчера е создадена во две варијанти – една со пеење и една со рецитал. Инаку, Костовски неодамна настапи и на Охрид фест Охридски трубадури.