Еден од најдобрите екс Ју филмови „Ко то тамо пева“ беше отскочна даска за многу млади актери. Сепак, имаше и такви кои имаа мали улоги кои им го променија животот.
Музичарите кои ја свиреа култната песна „За Београд, за Београд“ ги свиреа Миодраг Миќа Костиќ и Ненад Костиќ.
Иако никогаш дотогаш немаа стапнато пред филмска камера, сите биле воодушевени од тоа што го направиле. Со својата непосредност и искреност ги освоија срцата на публиката, а по 40 години двајцата изгледаат вака.
Ненад Костиќ денес по професија е возач на автобус. Во времето кога се снимаше култниот филм, во 1980 година, тој беше петто одделение во основно училиште.
Од неговиот вујко Миодраг, хармоникаш, тогаш добил покана да оди со него да снима филм во Делибатска пештера. Вујкото му објаснил дека сака да му учини на својот пријател од војска, Слободан Шијан, да ја сними негова дипломска и дека ќе учествуваат познати актери. Единаесетгодишниот Ненад се согласил да оди на проба на филмот „Ко то тамо пева“.
– Ја поминавме пробата и потоа моравме да ги потпишеме договорите. Добив околу 1,5 милиони тогашни динари, а да речеме дека ново „фичо“ чинеше четири. Тоа беа многу пари за тоа време. Ја пробавме песната и не изгледаше многу лошо. Па, тогаш почнавме да снимаме, а според сценариото требаше да бидам ќелав. Кога пробаа да ми ја скратат косата, почнав да плачам, не попуштив, реков ако ќе ме шишаат нека бараат друг. Неда Арнериќ и Драган Николиќ не ме пуштија да си одам затоа што им се допаѓав – изјави Ненад.
Извор: glossy.espreso.co.rs