Баба Ванѓа ѝ предвидела дека ќе биде попозната и од Тито, но не ѝ кажала ништо за нејзината најголема трагедија: Неверојатната животна приказна на Лепа Брена – ММС
ММС

Објавено на: 10/21/22 8:00 PM

Баба Ванѓа ѝ предвидела дека ќе биде попозната и од Тито, но не ѝ кажала ништо за нејзината најголема трагедија: Неверојатната животна приказна на Лепа Брена

Музичката ѕвезда Лепа Брена вчера го прослави 62-от роденден, а ние денес ви носиме неверојатна приказна од нејзиниот живот.

Кога го достигна врвот на славата, Лепа Брена имаше гардеробер полн со бунди, зад себе имаше милион продадени плочи, „војска“ од обожаватели и барби кукли со нејзиниот лик, а потоа сѐ се сруши.

Во 2000 година, пејачката доби запрепастувачка порака:

„Господин и госпоѓа Живоиновиќ, вашиот син Стефан е кај нас. Кон него ќе се однесуваме човечки додека сте коректни. Нема да му фали ни влакно од главата“ , гласела првата порака на киднаперите кои го киднапираа нејзиниот постар син Стефан, како што пренесоа тогаш медиумите.

Се оствари пророштвото на гледачката која на Лепа Брена ѝ имала предвидено дека ќе биде попозната и од Тито. Тогаш, Фахрета Јахиќ сѐ  уште не сонувала дека ќе се најде на музичкиот трон во Југославија, но и дека поради тоа ќе доживее страдање поради грабнувањето на нејзиното дете. По оваа порака,  ништо веќе не беше исто. Семејството чекаше инструкции што да направи за да го вратат Стефан. Пејачката тогаш смогна сили да зборува на оваа тема, односно изјави дека киднаперите барале пари дури и за трупот на Стефан“, пишува 24sata.hr.

Пет дена пејачката и нејзиниот сопруг не знаеле дали синот им е жив, а потоа пристигнала уште една порака.

„Нѐ информираа дека Стефан може да го вратат на два начина – жив за 2,5 милиони тогашни германски марки или мртов за 5 милиони. Ни рекоа дека во случајот на втората опција, би можеле да ни праќаат дел по дел од телото на Стефан“, изјави Брена за 24sata.hr.

Киднаперите ги предупредиле Брена и нејзиниот сопруг да не викаат полиција и им дале рок од два дена да ги најдат парите. Им нагласиле да не одолговлекуваат со исплатата.  За секој ден доцнење, раката на Стефан ќе биде со еден прст помалку, а ако не се јават ниту за 10 дена, ќе треба да го земат мртвото тело на Стефан.

Семејството не губело време. Брена и сопругот веднаш ја собрале сумата и Стефан се вратил дома. На Брена сѐ уште не ѝ е јасно како до денес денес не е откриено кој им ја има приредено најлошата ноќна мора во нивниот живот.

„По ова од ништо веќе не се плашам. Секако денес имам обезбедување, тоа се професионални луѓе кои не се забележителни, но точно знаат што треба да прават“, изјави пејачката.

Таа не сакаше да зборува за начинот на кој го вратиле Стефан.

Семејството веќе не е исто. Живееме и работиме нормално, но трагичното случување оставило трага. Не се согласуваат со тоа дека времето ги лечи сите рани. Освен киднапирањето на синот, пејачката како најболен момент во животот ја смета и смртта на татко ѝ.

„Неговото заминување ме дочека неподготвена, бидејќи мојот татко живееше тивко, па така и замина. Затоа ми е тешко кога ќе се сетам на него, бидејќи многу ми недостига. Секој човек има некои тешки моменти и колку поран ќе научи да се носи со нив, толку поедноставно ќе живее. Животот едноставно мора да оди понатаму“, заклучи Брена.

Во меѓувреме, нејзините плочи се продаваа во милионски тиражи, а таа зад себе има и неколку филмови. Брена важи за најголема ѕвезда и една од најбогатите пејачки од Југославија.

„Мојот живот е обичен кога ќе се изгасат рефлекторите. Приватно имам едноставен живот во кој сум сопруга и мајка на три сина. Мојата публика ме вивна во ѕвездите, а моето семејство ми даде сила да биде што подобра и што поуспешна на сцената“, изјави Брена која псочува дека за најголем успех го смета тоа што и покрај трагедиите, таа за публиката е синоним за добро расположение.

 

Извор: stil.kurir.rs