Некои жени се толку навикнати на шминка што им е тешко да се појават каде било беа неа, а како изгледа кога некој не може својот одраз во огледало да го замисли без тетоважи?
Тетовирањето претставува посебен стил на изразување, па на луѓето кои го обожуваат им е тешко да се замислат да изгледаат поразлично. Експертите велат дека тетовирањето со текот на времето создава зависност, така што некои луѓе не знаат кога треба да сопрат. Токму таков е случајот со манекенката Амбер Лук која дури на 98 отсто од телото има тетоважи и вели дека нема да престане со тетовирањето.
Нејзиното „патување“ со сликање на кожата почнало уште додека била ученичка, а во тој период трпела врсничко насилство. Така донела одлука да го промени личниот опис односно да го „редизајнира“ своето тело за што платила 79.000 долари.
Речиси и да нема дел од нејзината кожа, вклучувајќи го и лицето, на кое нема исцртани слики, броеви и букви. Таа тврди дека токму на овој начин успеала да се засака. Сепак, одлучила да се обиде уште еднаш да оди во крајнст, па така одлучила да биде кандидат за рансформација во емисијата „Трансформиран“ во која добила прилика да види како би изгледало нејзиното тело доколку ги „отстрани“ сите цртежи. Имајќи предвид дека таа со години не се видела во природно издание, ѝ било возбудливо да стане дел од експеримент и да се потсети на старите денови, но не со носталгија.
„Со оглед на траумите од детството и малтретирањата мислам дека малку ќе ме потресе тоа што ќе се видам себеси без тетоважи“, признала таа за британските медиуми непосредно пред снимањето на емисијата.
Поради многубројните интензивни тетоважи кои требало да се прекријат, телото на Амбер прво било префарбано со розерва боја за да може да се отстрани сината нијанса од тетоважите, а потоа тимот од емисијата пристпил кон премачкување на нејзиното тело во боја како нејзината природна кожа. Кога завршил процесот, Амбер била шокирана и останала без зборови. Таа истакнала дека таквиот изглед за неа е прилично едноставен и вообичаен, додавајќи дека сега кога се гледа себеси во „природно“ издание е уште позаљубена во изгледот со тетоважите.
„Се чувствувам како повторно да сум тинејџерка и тоа навистина ме мачи. Навистина воопшто не ми се допаѓа“, истакнала таа.
Во експериментот за трансформацијата добила поддршка од својата мајка, која прво не го препознала сопственото дете и се шокирала.
„Мојата ќерка сепак ми е поубава со тетоважи“, изјавила Вики.
Амбер пак, признала дека често е мета на дискриминација поради специфичниот изглед и понекогаш луѓето на улица ја гледаат чудно.
„Понекогаш се чувствувам како вонземјанин поради начинот на кој ме набљудува околината. Често се случува некои да кашлаат во мене, но има и луѓе кои ми упатуваат позитивни коментари“, заклучила Амбер.
Извор: srecna.republika.rs