Во бракот на Чарлс повторно се тројца! Камила го избра за десна рака човекот кого лудо го сакаше – ММС
ММС

Објавено на: 10/21/22 7:00 PM

Во бракот на Чарлс повторно се тројца! Камила го избра за десна рака човекот кого лудо го сакаше

Изјавата на принцезата Дајана „ние сме тројца во брак“, сѐ уште е позната, а Британците сега коментираат дека во случајот со Чарлс историјата на некој начин се повторува.

Љубовната приказна на кралот Чарлс Трети и неговата сопруга Камила е една од најголемите меѓу славните личности во изминатата деценија. Иако против нив беше целиот свет, тие останаа еден покрај друг. Не само што Камила стана сопруга на Чарлс, туку и малку е познато дека таа и понатаму е во одличен однос со Ендрју Паркер Боулс, поради кого го напушти Чарлс во раните седумдесетти. Толку одличен однос што денес тој е нејзината десна рака!

Вчера британските медиуми јавија дека пензионираниот офицер Ендрју Паркер Боулс на кралицата ѝ ја претставил својата сопруга за време на погребот на Џон Боус Лион во Лондон,  кој инаку беше роднина на покојната кралица Елизабета Втора.

Наводно поранешниот сопруг на кралицата Камила добил нова улога во рамките на одлуката на Чарлс да ја „разреди монархијата“, односно да не доделува нови должности на членовите на британското кралско семејство. Како што изјавиле за тамошните медиуми пријателите на Ендрју, тој и понатаму би можел да ја претставува Круната на разни случувања.

„Ендрју е среќен кога прави се што ќе побара Камила од него. Тој сè уште има топол однос со неа“, изјавил неименуван извор. Коментарите на Британците под оваа вест и не е толку позитивни.

„Ова нема смисла, тој не е член на семејството“, „Тие се толку чудни, како може кралот ова да го дозволи“, „Изгледа дека во бракот на Чарлс повторно се трјца“, „Кралското семејство се однесува така со векови, не знам што не ви е јасно“… се само дел од реакциите.

За потсетување, Камила и Ендрју беа во брак од 1973 до 1995 година. Во моментот кога се дозна дека Камила е во врска со тогашниот престолонаследник принцот Чарлс, тој замина на службена должност. Неговата сакана не го чекаше и ја обнови својата љубов со Ендрју Паркер Боулс, а парот се сврши во 1973 година.

Се шпекулираше дека родителите на овој пар сами ја испратиле веста до весникот The Times, по што на Ендрју не му преостана ништо друго освен да се ожени со Камила.

Всушност, тоа и навистина се случи на 4 јули 1973 година во Лондон. Во прашање беше општествено случување на кое се собраа голем број познати од највисоките британски кругови, како и членови на кралското семејство. Камила и Ендрју добија три деца, но во текот на осумдесеттите  се разделија, а дури во 1995 година формално ги потпишаа документите за развод.

 

Извор: glossy.espreso.co.rs