Како што пренесуваат европските спортски медиуми, Жерар Пике во иднина би можел двапати неделно да носи дрес на кој пишува – Шакира!
ФК Барселона има договор со музичката платформа Спотифај, чии челници сакаат да промовираат некои музички ѕвезди со тоа што ќе ги испише нивните имиња на дресовите на спортистите, а се шпекулира дека името на Шакира ќе стои на дресот на Барселона.
Познатиот шпански новинар Мојсес Љоренс тврди дека се е договорено и пред потпишување.
Сè уште никој не ги коментирал овие тврдења: ниту Барселона, ниту Спотифај, ниту шпанската Ла Лига, па останува да видиме дали фудбалерот ќе го видиме како носи дрес со името на жената на која неодамна и го скрши срцето.
Gerard Piqué could reportedly have to wear Shakira’s name on his soccer jersey due to Barcelona’s partnership with Spotify. pic.twitter.com/De5D85AIQd
— Pop Base (@PopBase) October 20, 2022
Жерар Пике и Шакира пред неколку месеци објавија дека се разделуваат.
Набрзо беше откриено дека Пике ја изневерувал пејачката со водителката и студентка Клара Киа Марти, а дури се шпекулираше дека Шакира го фатила фудбалерот во кревет со неговата љубовница.
Шакира и Пике поминаа 12 години заедно и ги имаат синовите Милан и Саша.