Луѓето не бираат начини да ги презентираат и да ги полнат својата роба некому!
Како што се создаваа стоки и пари, така се создаваа и рекламите кои требаше да обезбедат подобра продажба. Но, рекламите не мора само да бидат сериозни, тие често се тотално откачени и двосмислени.
Деновиве се појави една поинаква реклама за продажба на автомобили. Поради креативноста на авторот, набрзо стана хит меѓу клиентите и потрошувачите.
Човекот изгледа не е многу среќен што мора да го продаде својот миленик, но на тоа го натерале семејните околности, поточно неговата сопруга.
Описот на колата е ваков:
„Колата е во топ состојба, нема скриени дефекти. Внатрешност како нова, 2 комплети бандажи со гуми, гаражирана, редовно сервисирана, во колата сипувано исклучиво MaxMotion, фабрички затемнет со босе музика. Го продавам тоа само затоа што жена ми стави гради и уста и ми рече дека не сака веќе да вози со менувач, сака автоматик. Колата можете да ја погледнете само работни денови, преку викенд сум по риба, тогаш можете да ја погледнете жена ми. Благодарам“!