Кристина Димитри ветува посебен сценски настап на „Макфест“ – ММС
ММС

Објавено на: 10/19/22 3:59 PM

Кристина Димитри ветува посебен сценски настап на „Макфест“

Откако една година професионално се занимава со музика моделот, а сега и пејачка Кристина Димитри(евска), реши да ја освојува сцената на „Макфест“.

Вели дека ѝ е особено драго и ѝ претставува чест што била поканета да биде дел од овој фестивал, а учеството го сфатила како сериозен предизвик и вложила многу труд за сѐ она што ќе го понуди на првата фестивалска вечер на 21 октомври.

Публиката ќе има можност да ја слушне со песната „Салса“ заедно со диџеј Боно.

– Идејата за „Салса“ веќе некое време ја имавме со Боно и кога се бираше песна оваа ни беше најсоодветна. Песната е фестивалска, разиграна и може да се смисли добра кореографија за неа, вели Димитрини.

 

Дека ќе има посебна кореографија кажува и фактот што токму сценскиот настап на „Макфест“ ќе биде дел од спотот за самата песна.

– Спотот имавме идеја да се снима, но по разговорот со целата екипа дојдовме до заклучок дека фестивалскиот настап ќе ни биде дел од спорот. Спремаме специјална кореографија и мислам дека тоа ќе биде најдобро, вели пејачката.

Освен „Макфест“ на кој е фокусирана во изминатиот период, најавува дека работи и на други проекти. Во моменот како што рече со Боно работат на преработка на неколку песни.

– Веќе сме во преговори со лица од Србија, ќе вадиме песна на српски јазик и тоа ќе се случува веќе во ноември, така што не застануваме и работиме постојано, вели Димитри.