МНР се извинува: Место словенечко, ставиле знаме на Словачка на средбата со министерката Фајон – ММС
ММС

Објавено на: 10/19/22 2:01 PM

МНР се извинува: Место словенечко, ставиле знаме на Словачка на средбата со министерката Фајон

 

На вчерашната средба на словенечката министерка за надворешни работи Тања фајон и Бујар Османи се случи гаф, поради кој денес од МНР се извинија.

На една од средбите, каде меѓу министрите стоеја мали знаменца, наместо словенечкото беше ставено знамето на Словачка.

Не е познато дали министерката Фајон тоа го забележала и реагирала, или од МНР се извинуваат сами признавајки си ја грешката, па во соопштението испратено од ова министерство се вели:

-Министерството за надворешни работи изразува длабоко извинување за ненамерниот пропуст при употребата на малото знаме на тет-а-тет средбата на двајцата Министри при посетата на Министерката Фајон на земјава, кое беше едно од десетте државни обележја кои беа употребени за време на средбите.Иако не може да има оправдување за направениот пропуст, Министерката со целосно разбирање ја прими грешката како ненамерна, без никакво влијание врз успешноста на средбите и посетата. , се вели во соопштението од МНР.

Покрај тоа од МНР не ја пропуштија можноста да се пофалат дека поминала во пријателска атмосфера.

-Во исто време дозволете да информираме дека состанокот, како всушност и целата посета на Министерката Фајон помина во исклучително позитивна и пријателска атмосфера со важни пораки кои беа разменети и на самите состаноци, но и испратени во јавноста, велат од МНР.

Од МНР не сопштија кои ќе бидат последиците и чија е грешката, но информираат дека ќе ги зајакнат проверките.

-Министерството за надворешни работи дополнително ќе ги зајакне протоколарните проверки со цел во иднина да не се повтори ваква ситуација, велат од таму.

 

Фото: МИА/vikimedia.org/sportsbackers.org