Автомобилите денес имаат безжични клучеви или далечински како што едноставно ги нарекуваме, со кои ги отклучуваме и заклучуваме автомобилите, ја отвораме задната врата, го палиме моторот.
Некои од нив имаат и други функции кои се корисни, но речиси никој не знае за оваа.
Еве за што се работи.
На далечинскиот управувач притиснете го копчето за отклучување на автомобилот, отпуштете го и повторно притиснете и држете го притиснато некое време, пренесува порталот Аутомобили.
Овозможивте автоматско спуштање и подигање на прозорецот.
Оваа карактеристика е објаснета и опишана во упатствата за фабричко одржување што доаѓаат со новиот автомобил. Но, малкумина возачи знаат за тоа. Малкумина го читаат упатството.