Бебе се родило сосе „водењакот“ – Ова чудо на природата го воодушеви светот – ММС
ММС

Објавено на: 10/18/22 11:56 AM

Бебе се родило сосе „водењакот“ – Ова чудо на природата го воодушеви светот

Заштитната амнионска кеса или познато како „водењак“ го држи бебето во стомакот, а кога ќе пукне тоа е знак дека породувањето ќе започне.

Меѓутоа, еднаш во 80.000 случаи, породувањето се случува додека бебето е сè уште во недопрениот водењак и тоа е познато како en caul породување.

Почеста е кај царските резови отколку кај вагиналните раѓања, но генерално е многу ретка.

Раѓањето „en caul“ нуди подобар впечаток за детето непосредно пред раѓањето Во некои култури, затвореното раѓање се смета за знак на среќа за бебето и родителите. Од научна гледна точка, „en caul“ раѓањата можат да ни дадат поблизок поглед каков е животот на бебето во утробата.


Поради реткоста на вакви раѓања, јавноста не може често да види како тоа изгледа, благодарение на бразилската фотографка Јанаина Оливеира и момчето по име Ноа – родителите ширум светот сега навистина можат да видат како изгледал светот на нивното бебе помеѓу ултразвучната слика и првиот здив.

Момчето Ноа сега е вистинска ѕвезда во неговиот роден град Вила Вела, Бразил, а неговата мајка Моник изјавила дека за време на породувањето лекарите и го доближиле екранот за да може да го гледа:

-Го погледнав во моментот кога го раѓав. Лекарите го доближија екранот до мене за да можам да гледам. Глетката беше толку прекрасна што ме расплака, рекла таа.

(Курир.рс)