(Видео) Од публика фрлиле шише и го погодиле меѓу нозе – Скандал на концертот на Хари Стајлс – ММС
ММС

Објавено на: 10/18/22 11:32 AM

(Видео) Од публика фрлиле шише и го погодиле меѓу нозе – Скандал на концертот на Хари Стајлс

По невидениот скандал на премиерата на филмот „Не се грижи мила“ и видеото кое стана вирално на кое се гледа како Хари Стајлс плука по својот колега Крис Пајн во моментот кога седнува на своето место, пејачот и актер се најде во центарот на нов инцидент.

Хари Стајлс беше погоден во меѓуножјето со шише кое излета од публиката за време на неговиот концерт во Чикаго, додека неговата реакција ги насмеа сите присутни.

Хари Стајлс најпрво се виткал од болка и му требало неколку моменти да се опорави, а потоа им се обратил на присутните.

„Па, ова е незгодно“, рекол тој воздивнувајќи во микрофонот.
По неколку моменти, тој почнал да скока и да се тресе со нозете за да се врати во нормала, а потоа се пошегувал и со пискав глас им се обратил на присутните и ги насмеал сите. Набргу потоа продолжил со концертот, а видеата од овој концерт ги преплавија социјалните мрежи.

„Престанете да му фрлате работи на овој човек“, „Сега го сакам уште повеќе“ – беа само дел од коментарите на воодушевените обожаватели.
На пејачот не му се случува првпат вакво нешто, па не е ни чудо што тој веќе сè сфаќа на шега. Во текот на летото, на еден од концертите, го удриа со пилешко, односно парче пржено месо, попознато како нагетс, па дури и му скандираа да го јаде.

„Многу интересен пристап. Кој ја фрли „кокошката “, праша Хари тогаш.

Тогаш публиката почна да скандира „јади, јади“. Сепак, Хари учтиво ги потсети присутните дека воопшто не јаде месо и го фрли назад во публиката.

„Дали некој друг би сакал да фрли нешто?“, праша пејачот пред да продолжи со концертот.

Извор: мондо.рс

Фото: Твитер принтскрин