Мелиса Лима во видео на ТикТок зборуваше за своето трауматично искуство кое се случило поради операција на градите, т.е. поставување силиконски импланти и последиците од оваа естетска корекција.
Атрактивната русокоса ги ставила силиконите во 2002 година, а причината е што работата „пред камера“ ја направила многу несигурна.
Осум години подоцна, во 2010 година, таа почнала да има чудни симптоми како депресија и чувство на надуеност. Со години се обидувала да добие одговори од лекарите, но никој не можел да одговори на нејзините прашања.
View this post on Instagram
Како самохрана мајка не можела туку така да ја напушти работата, па нозете и лицето ѝ отекле до тој степен што била непрепознатлива. Благодарение на пријателка дознала дека проблемот можеби се имплантите.
На крајот не можела ниту да стане од креветот, а лекарите по десетгодишна борба ѝ дијагностицирале Хашимото, хронична автоимуна болест на тироидната жлезда.
Во 2020 година, таа одлучила да ги отстрани силиконските импланти на градите.
@melissalima713 This is your sign. #breastimplantillnes ♬ CHANT (feat. Tones And I) – Macklemore
– Оваа одлука речиси ми го спаси животот – изјавила таа на ТикТок и нагласила дека веднаш по отстранувањето на имплантите, нејзиното лице и тело се вратиле во нормала за неколку часа. Отокот се намалил и таа конечно се почувствувала во нормала.
-Беше блиску да ме убие“, сподели таа на својот Инстаграм профил.
Лекарите се згрозиле од нечистотијата на силиконот што го отстраниле.
– Чувствував дека е моја должност да го споделам ова и тоа е единствената причина што го направив тоа. Добивам многу пораки од жени кои пишуваат дека минуваат низ истото. Внимавајте на симптомите кои вклучуваат екстремен замор, болки во зглобовите и мускулите, зголемување на телесната тежина, воспаление, зуење во ушите, проблеми со видот. Докторот кој го извади силиконот буквално ми го спаси животот, заклучила таа.