(Вознемирувачко видео) Како паднал рускиот авион? – ММС
ММС

Објавено на: 10/17/22 10:30 PM

(Вознемирувачко видео) Како паднал рускиот авион?

Најмалку две лица загинаа денеска кога руски воен авион се урна во станбена зграда во Јејск, на брегот на Азовското Море на југот од Русија во близина на Украина, објавија руските новински агенции.

„Досега две лица починаа, а 15 се хоспитализирани“, соопшти локалната служба на руското Министерство за вонредни ситуации.

Авионот Су-34 се урнал при полетување на тренинг лет од воениот аеродром на Јужниот воен округ и паднал во дворот на станбена зграда, при што се запилото горивото во леталото и ја зафатило деветкатницата.

Пожарот зафатил најмалку пет од девет ката на зградата, а според официјалните лица, опфатил најмалку 17 станови.

Пилотите се катапултирале од леталото и се безбедни. Тие рекоа дека несреќата била предизвикана кога еден од моторите се запалил при полетување.


Јејск е град со 90.000 жители и во него се наоѓа голема база на руските воздухопловни сили. Градот се наоѓа спроти украинскиот град Мариупол.

Странските медиуми јавуваат дека Путин на семејствата на настраданите ќе им да дека ќе им додели по милион рубљу и нови станови.