„Цели 288 дена поминав со неа на онкологија“ – Љубов за почит, по 30 години се сакаат како на почетокот – ММС
ММС

Објавено на: 11/23/22 9:00 PM

„Цели 288 дена поминав со неа на онкологија“ – Љубов за почит, по 30 години се сакаат како на почетокот

Познатиот актер и режисер Радош Бајиќ повеќе од четири децении ужива во љубовта со сопругата Милена.

Радош не крие колку ја сака сопругата и колку таа му значи, а во една прилика и испрати емотивни зборови за сопругата на Инстаграм со фотографија од нејзините помлади денови.

„На четврти мај 1973 година ја запознав убавата Милена Бјелиќ, која три години подоцна ќе стане Бајиќ. Ручек во картонска кутија, две вилушки и две лажици, изнајмена соба со користење на заедничка бања – борба, жртви скромност, упорност, доверба и бескрајна љубов која продолжува до ден денес… За многу лета“, напиша Бајиќ на Инстаграм пред неколку години по повод роденденот на сопругата.


За време на бракот се соочиле со различни предизвици, меѓу кои и битката на Милена со туморот на дојката.
„Јас сум сопруг на жена на која и беше дијагностициран рак на дојка и искрено сакам да ги охрабрам сите мајки, сестри, сопруги, ќерки, баби и да им кажам дека има светлина на крајот од тунелот. Јас 288 дена поминав со неа на Институс за онкологија, помагајќи и во тешката борба. Иако приватниот живот секогаш го чував како оаза, во договор со сопругата и децата, решив јавно да излезам со моето искуство за доброто на сите оние жени на кои им треба помош“, прозборе Радош јавно за борбата на неговата сопруга.


Радош и Милена ги имаат ќерката Јелена и синот Недељко, а актерот еднаш откри дека го одбил Холивуд поради Милена.


„Како млад актер во 1976 година добив покана и договор за Холивуд од големиот американски продуцент Оливер Унгер, каде ме чекаше улога во филмот на Волтер Хил „Воините на подземјето“. Не отидов бидејќи тие не се согласија со условот мојата Милена да дојде со мене. Да отпатував сам, тоа автоматски би значело крај на нашата љубов и заеднички живот. Никогаш не се покајав затоа што го избрав животот меѓу животот и славата“, истакна во една прилика Радош.

Извор: курир.рс

Фото: Instagram