МВР информира дека последите 24 часа во државава се приведени многу лица, кај кои е пробајдена марихуана.
-На 16.10.2022 во 16.55 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.З.(24) од Куманово. Таа се сомничи дека малку пред тоа извршила кражба во приватен имот на улицата „Стево Филиповиќ“. Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
-На 16.10.2022 од страна на полициски службеници од полициската станица Битола и криминалистичката полиција на СВР Битола на ул.„Мирка Гинова” во Битола биле лишени од слобода П.Д.(35) и Х.Б.(21), двајцата од Битола, затоа што кај нив се пронајдени две пакувања со марихуана и боксирач. Истите се однесувале агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејства. Лицата се приведени и по документирање на настанот ќе следува кривична пријава.
-На 17.10.2022 во 00.15 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје, затоа тоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
-Полициски службеници на СВР Тетово вчера (16.10.2022) околу 21.30 часот, во парк на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, ги лишиле од слобода А.Б.(23), Б.И.(25), А.А.(22) од Тетово и И.И.(25) од тетовска Мала Речица, во чија непосредна близина, им било пронајдено ќесе со марихуана. Четворицата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени поднесоци.
-На 16.10.2022 во 22.50 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.М.(31) и Л.С.(22), двајцата од Скопје, затоа тоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
-На 16.10.2022 во 13.15 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Б.(50) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-На 16.10.2022 во 18.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Т.(27) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-На 16.10.2022 во 14.45 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.В.(24) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.