Над пет милијарди мобилни телефони ќе се најдат во отпад годинава – ММС
ММС

Објавено на: 10/17/22 12:15 PM

Над пет милијарди мобилни телефони ќе се најдат во отпад годинава

Повеќе од пет милијарди од проценетите вкупно 16 милијарди мобилни телефони во светот ќе бидат фрлени во отпад оваа година, говорат стручните проценки.

Некои бараат сиот тој материјал да се рециклира.

Сѐ тоа е само дел од речиси 45 милиони тони електронски отпад во светот, што не се рециклира. Иако содржат злато, бакар, сребро, паладиум и други компоненти коишто можат да се рециклираат, речиси сите овие несакани уреди се исфрлени или изгорени, што предизвикува значителна штета на животната средина и здравјето.

– Мобилните телефони се меѓу електронските производи што најмногу не загрижуваат. Ако не ги рециклираме ретките материјали што ги содржат, ќе мораме да ги ископуваме во земји како Кина и Конго, рече Паскал Лерој, извршен директор на „ВЕЕЕ“ – непрофитна алијанса на организации за управување со електронски отпад.

Многу од петте милијарди мобилни телефони кои годинава ќе бидат вон оптек, ќе останат заборавени во фиоки, плакари и гаражи – што исто така, е штетно.