(Видео) „Ова ви е за Белгород“ – Киев утрово повторно гранатиран – ММС
ММС

Објавено на: 10/17/22 10:43 AM

(Видео) „Ова ви е за Белгород“ – Киев утрово повторно гранатиран

Најмалку три експлозии се слушнале во главниот град на Украина, Киев, откако се огласиле сирените за воздушен напад. Репортерот на Ројтерс вели дека видел парчиња од беспилотните летала користени во нападот, на кои пишувало: „За Белгород“.

Гувернерот на руската област Белгород, во близина на границата со Украина, ги обвини украинските сили за постојано гранатирање на регионот, а вооружени лица во саботата убија 11 лица на воен полигон во регионот Белгород. Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори на нападите од утрово.
„Цела ноќ и цело утро непријателот го тероризира цивилното население. Камикази беспилотни летала и ракети ја напаѓаат цела Украина. Во Киев беше погодена станбена зграда. Непријателот може да ги нападне нашите градови, но нема да можат да не разбијат. Окупаторите ќе добијат праведна казна и осуда на идните генерации и ние ќе победиме“, напиша Зеленски на Телеграм.

Две лица заробени во урнатините, а18 лица се спасени од зграда погодена од камикази беспилотни летала во украинскиот главен град Киев утринава, според извештаите на градоначалникот на градот.

„Како резултат на напад со камиказе беспилотно летало, се случи експлозија во станбена зграда во населбата Шевченко во главниот град. Во моментов од неа се спасени 18 лица. Според првичните информации, двајца жители останале под урнатините. Спасувањето е во тек. Во тек е гаснењето на уништените згради и собирање на шутот“, напиша Виталиј Кличко на Телеграм.

Извор: Мондо.рс

Фото: Видео принтскрин Твитер