Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи пред 15 години на денешен ден кај Нова Градишка во Хрватска.
За смртта на пејачот фановите ширум регионот сè уште тагуваат. Но, како што минуваат годините од неговата смрт, се појавуваат нови детали од животот на една од најголемите ѕвезди од овие простори, кои покажуваат каков бил Тоше во приватниот живот кој не се знаел додека беше жив.
Српски Курир пренесува дека ја контактирале Антонија А., која сакала да го сподели своето искуство со Проески.
Таа тврди дека нејзиниот живот бил спасен благодарение на хуманоста на пејачот, но дека тој не сакал да се дознае. Иако му ветила дека нема да зборува за тоа, таа истакна дека поради совест сака јавно да ја каже својата приказна, но од почит кон покојниот Тошет и ветувањето што му го дала, не сака да се фотографира за медиумите.
– Тоше беше ангел на земјата. Не пееше само како ангел, таква му беше и душата. Го обожавав, во тоа време непосредно пред неговата смрт, водев некои од неговите фан страни. Секогаш кога можев, одев на неговите концерти, целата соба ми беше во неговите постери и слики. Но, во 2006 година ми беше дијагностицирана леукемија и тогаш ми беа потребни 35.000 евра за операција. Моето семејство ги немаше тие пари, а лекувањето можеше да се прави само во Турција. Не знам како, но информациите за мојата болест стигнала до Тоше. Се сеќавам на таа вечер кога заѕвони нашиот домашен телефон. Тато ми го даде телефонот, кога го слушнав неговиот глас, се одзедов. Разговаравме малку, ми кажа дека знае се за мене и колку го сакам. Бидејќи следната недела имаше концерт во мојот град, рече дека пред концертот ќе дојде кај мене дома за да се видиме и да разговараме лично – ја започна приказната Антонија, а потоа додаде како нивната прва и, за жал, последната средба и разговор во живо:
– Дојде кај нас дома, тивко и насмеано. Ненаметливо, никогаш нема да ја заборавам таа негова насмевка и сјајот во неговите очи. Јас и моите родители му кажавме сè за мојата болест и лекување. Веднаш рече дека ќе ги сноси сите трошоци за лекувањето, но дека не сака да зборува за тоа со никого и дека тоа го смета за негова должност како маж и христијанин – се присети таа, а на крајот откри:
– Таа вечер доцнеше половина час на својот концерт, бидејќи остана подолго кај нас да не утеши и никој од организаторите не знаеше каде е и зошто доцни. И тоа никогаш претходно не му се случило. Една недела подоцна ја уплати целата сума на нашата сметка што беше отворена за таа цел. Таков човек беше Тоше. Благодарение на него жива сум – ја заврши исповедта расплаканата Македонка.