Поранешната ѕвезда на „Гранд“, Драгана Стамениќ го обвини гинекологот Р.М. за обид за силување.
Таа се огласи на Инстаграм, а нејзината објава ја пренесуваме во целост.
„Ова е фотографија од човекот кој се обиде да ме силува. Овој човек е доктор, специјалист по гинекологија Р.М.“.
Пред да продолжите да го читате овој текст, би сакала да ги замолам сите луѓе кои можат да го споделат овој текст, сакам да допре до што повеќе луѓе бидејќи ваквите случаи треба да се прекинат!
„Се започна со моето доаѓање на лекар. Беше агресивен, донекаде наметлив токму кога влегов во ординацијата. За време на прегледот се обиде да ми ги допре нозете велејќи: „Убава си“; „Ти си прекрасна и убава жена“; ‘Треба да бидам многу нежно со тебе’… После тоа сакаше да ми објасни што точно мисли кога зборува за нежност… и во таа прилика со полниот орган се потпре на мене обидувајќи се да направи и да покаже што сака да ми каже. Во неколку наврати викав, велејќи му да се оддалечи од мене, што очигледно не го сфати сериозно, но кога заврши прегледот, повторно ми се приближи, ме прегрна, насилно ме повлече и ме бакна ( додуша во маската што се носеше во тоа време), ме фати за задникот и ми кажа колку е возбуден. Излегов некако под стрес и отидов во полиција да дадам изјава. На распитот во полициско одделение ми кажаа дека и самите слушнале многу што прави дотичниот. Подоцна, со текот на времето, дознав дека имало многу жени кои не смееле да превземат ништо … Дознав и дека неговите колеги знаеле сè за неговата работа и што прави, дека тоа вклучува многу грди дејствија како уценување на пациентите барајќи од нив огромна сума пари за да им пружи помош, да има интимна врска со жени кои се лекувале од стерилитет итн итн. Го пријавив дотичниот за да не се повторат вакви работи. Жените треба да знаат дека нема срам да се зборува, бидејќи за такви работи не се молчи. Драго ми е што конечно на сето ова му дојде крајот и што победија правдата и вистината. Животот е убав, очекувај го секој нов ден, биди среќен и благодарен за се и не трпи ништо што ќе направи да се чувствуваш лошо. Избегнувајте го што е можно повеќе“, напиша таа.
Извор и фото: Курир.рс