Останав без маж, а за сите сум виновна, низ солзи прозборе водителката Николина Пишек – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/22 8:00 PM

Останав без маж, а за сите сум виновна, низ солзи прозборе водителката Николина Пишек

Водителката Николина Пишек доживеа трагедија кога на 44-годишна возраст ненадејно почина нејзиниот сопруг Видоје Ристовиќ.

Николина откри дека тогаш животот и се променил од корен, а освен со загубата на партнерот, се соочила и со осудите на свекорот Миша Гроф. Медиумите со месеци пренесуваат изјави и навреди на сметка на водителката Николина Пишек, која неодамна гостувајќи на телевизија откри како се чувствува по се што се случи.

Николина реши да и се врати на професијата, а неодамна договори ангажман на телевизијата „Уна“ каде сега се расплака зборувајќи за загубата на сопругот Видоје. Водителката во емисијата не можела да ги задржи солзите кога почнала да зборува за Видоје, а открила дека се чувствувала како нешто да криела.
„Извинете, гласот ми се тресе малку“, почна Николина, а потоа откри како се справува со тоа што сега е вдовица:

„Што и да правам и како да се поставам, ќе добијам некаква осуда, од некоја страна. Така што мислам дека ова е позиција, вдовица, која во исто време треба да се носи со страшна загуба… Како да носам некаква вина, како нешто да сум сокрила“, изјави водителката.

Извор: Мондо.рс