Кучката за која се грижи градежниот работник Хамди Ајдин, која живее во населбата Кајнашли во турската област Дузџе, има пород, но во исто време таа дои една улично маче чија мајка била жртва на сообраќајна несреќа.
Градежниот работник Ајдин, кој живее во куќа во местото Меркез и е татко на три деца, веќе две години се грижи за куче женка која ја нашол неговиот син на патот Д-100 на планината Болу.
Ајдин се грижи за кучката по име Хера, која пред еден месец роди 9 кученца и за 3 мачиња, чија мајка била прегазена од возило.
Ајдин има вкупно 12 миленичиња и еден ден бил изненаден кога видел како едно од мачињата цица млеко од кучката Хера.
Кучката, која покрај своите 9 младенчиња се однесува и како мајка на едно од мачињата, еднаш дневно го дои мачето.
– „Секое утро доаѓа и ја дои мачката како нејзино чедо“
Хамди Ајдин за Агенција Анадолија (AA) изјави дека многу ги сака бездомните животни и дека веќе грижата за нив му станала хоби.
Зборувајќи дека не отфрлил ниту едно животно кое дошло од улица, Ајдин продолжи со зборовите: „Се грижев и ја одгледав нашата Хера, и сега таа има свој пород. Ни дојдоа мачиња од улица. Таа му беше мајка на едно маче и го израсна. Го доеше. Доаѓаат уште 3-4 мачиња, ним не им дозволува да пријдат. Но кон едно маче се однесува како таа да го родила, како да му е мајка. Го дои мачето кога е гладно.“
Потенцирајќи дека кучката Хера всушност не сака мачки, Ајдин рече дека ова маче неочекувано дошло и почнало да цица. „Хера кон ова маче не се однесуваше грубо, не го отфрлаше. Мачето доста порасна хранејќи се од млекото на Хера. Доаѓа секое утро, Хера го дои како негова мајка, а тоа цица млеко и потоа си оди“, рече Ајдин.
– „Ве молам, грижете се за животните, да не ги оставаме незгрижени“
Зборувајќи дека некои од неговите животни за кои со години се грижел и со тек на времето биле згрижени од други луѓе, Ајдин го рече следното:
„Ја користам оваа можност да им се обратам на сите. Животните за нас се многу значајни. Ве молам, да се грижиме за нив, да не ги оставаме незгрижени.“
„Тие треба да се наша грижа. На крајот на краиштата, ако ние постоиме, и тие постојат. Храната е многу скапа. За да не останат гладни, им зедов храна, а не купив брашно за дома. Условите за живот се тешки, но мора да се грижиме и за нив.“
Купувам храна затоа што има кученца што ги дои. Ако јас можам да го правам ова, секој може. Ситуацијата не е толку многу тешка.“
Извор и фото: Агенција Анадолија